Игор Михајловски е нов тренер на Работнички

Игор Михајловски ќе го наследи Тони Симиќ на клупата на Работнички, потврди управата на македонскиот најтрофеен кошаркарски колектив. Поранешниот македонски репрезентативец на „жешката клупа“ доаѓа во тежок момент кога Работнички поради лошото работење се наоѓа во долгови поради кои заминаа странците, а тимот остана само со млади играчи па целта ќе биде обезбедување на опстанок.

За тоа на Михајловски нема да му биде нималку лесно, но земајќи во обѕир дека „црвено-белите“ во моментот се наоѓаат на делба на седмата позиција на табелата со скор од седум победи и шест порази ќе трне во трката од „пол-позиција“ со пет победи повеќе од моментално 11. пласираниот МЗТ Скопје 2.

За четириесетиосум годишниот стратег Работнички ќе биде трет клуб во кој ќе ја има улогата на прв тренер по Куманово и Кожув.

Се вчитува...