Игор Сојчевски судеше во Луксембург, Трпчевски денеска во Естонија

Судиската комисија во УЕФА не ги заборава македонските фудбалски судии на стартот на новата сезона на меѓународната сцена.

Синоќа во Луксембург во првото коло ОД Лигата на европските шампиони, Игор Стојчевски го судеше мечот мегу екипите на Атерт Бисен и Клаксвик од Фарски Острови. Mу помагаа Вјолца Изеири и Тошо Ицев, четврти судија беше Фатмир Бафто.

Во Луксембург имаше уште еден судија од Македонија, Влатко Илиоски, кој беше во ВАР собата заедно со еден претставник од Австрија.

Денеска суди и Стојанче Трпчевски. Тој е во Естонија каде на реваншот од првото коло на  Конференциската лига ќе биде главен судија на натпреварот меѓу клубовите Паиде и Хегеман од Литванија. Ќе му помагаат  Гоце Петрески и Мартин Петковски. Четврти судија ќе биде Бењанин Ќерими.

M.M.

Се вчитува...