Игор Стефановски – Иџе шести на првата трка во „Валелунга“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе заврши на шестото место на првата од двете денешни трки на „Валелунга“ кои се дел од ТЦР шампионатот на Италија.

Стефановски трката ја почна како десетти, но со одлично возење во текот на целата трка успеа на крајот да стигне до шестото место и да се најде во пласман со бодови.

Втората трка на „Валелунга“ ќе се вози во 15 часот.

Се вчитува...