Играчите на Калјари шутираа млеко за да стигнат до Милано

Екипата на Калјари се соочи со огромни проблеми да стигне до аеродромот на Сардинија и да полета за Милано за претстојниот меч на „Сан Сиро“ против Милан, откако фудбалерите на Калјари неколку часа беа заробени во сопствениот тренинг-центар.

Имено, во овој дел од Италија се случува масовен штрајк на млекарите, кои имаат блокирано бројни патишта во обид да издејствуваат повисока откупна цена на млекото. Еден од блокираните патишта беше и оној во близина на тренинг-центарот на Калјари, единствениот пат по кој автобусот можеше да стигне до аеродромот.

Генералниот директор Марио Пасети повеќе од еден час преговараше со протестантите, кои на крајот решија да дозволат клупскиот автобус да мине. Имаше и услов што мораше да биде исполнет – најдобриот фудбалер Николо Барела заедно со Жоао Педро и со Алесандро Дејола да шутне неколку кофи со млеко, во знак на подршка на штрајкот.

На крајот – сите задоволни, Калјари го фати авионот, а млекарите го добија неопходниот публицитет.

Се вчитува...