Играше против Македонија на Евро 2020, сега е осуден на две години затвор

Доскорешниот репрезентативец на Холандија кој ги настапи против Македонија на Евро 2020, Квинси Промес е осуден на две години затвор поради напад на член на неговото семејство со нож во 2020 година. 31-годишникот е осуден во отсуство бидејќи моментално живее во Русија каде настапува за Спартак Москва.

Промес го нападнал роднината со нож и притоа му нанел убод во коленото, а и покрај тоа што првично е оптужен за обид за убиство, подоцна оптужбата се менува во тежок напад.

Тој пред судот се изјасни како невин, но во негов аргумент не беа гласовните пораки на кои е снимен како говори дека жали бидејќи немал огнено оружје.

Претходно Промес беше обвинет и за препродажба на 1300 килограми кокаин, вреден 75 милиони евра.

 

Се вчитува...