Игуаин минува низ пекол: Мајка ми е тешко болна, пандемијата ме промени комплетно…

Аргентинецот Гонзало Игуаин призна дека за време на пандемијата минувал низ исклучително тежок период. Тој меѓу последните се врати во Јувентус за продолжението од сезоната грижејќи се за својата болна мајка, но вчера покажа дека и тоа како е опасен на теренот.

Игуаин постигна и гол во победата од 4-0 на Јувентус против Лече.

„Нешто се промени во мене за време на периодот на коронавирусот. Јасно ми е дека сум потребен на екипата, и навистина ми е мило што се вратив. Но, минував низ пекол затоа што мајка ми е тешко болна. Сепак, издржав затоа што и сите во клубот беа со мене низ целиот овој период и многу сум благодарен за тоа“ – вели Игуаин.

Се вчитува...