Икарди ги нападна фановите на Интер: Ако не не бодрите во поразите, тогаш не ги славете ниту победите

Интер забележа два последовни порази, а не знае за триумф три меча во Серија А. Тоа сериозно ги разниша позициите на тренерот Лучијано Спалети, но внесе нервоза и кај фановите. Очигледно е дека и оваа сезона „нероаѕурите“ се далеку од трката за шампионската титула. Реагираше и капитенот Мауро Икарди, кој побара од навивачите безусловна поддршка.

„Ние одлучно ги прифаќаме сите тешкотии и пречки како важни чекори кон успехот. Ако не го поддржите тимот при пораз, тогаш немојте да го поддржувате ниту кога победува“, истакна напаѓачот на Интер, кој е во преговори со раководството за продолжување на договорот.

Интер по 22 кола во Серија А се наоѓа на третата позиција на табелата со 40 бода.

Се вчитува...