Икарди ја загубил лентата поради Ванда и Перишиќ

Караницата со Иван Перишиќ била последната капка што го прелеала незадоволството на челниците на Интер од односот на Мауро Икарди, што резултирало со губење на капитенската лента.

Италијанскиот новинар Франко Ордине тврди дека Перишиќ влегол во конфликт со Икарди поради изјавите што неговата сопруга, Ванда Нара, ги дала во врска со барањето за трансфер на Хрватот во последните денови од преодниот рок.

„Кажи и на жена ти повеќе да не зборува за мене на ТВ, дали ти е јасно“ – вриштел Перишиќ на Икарди.

„Преговарам со Марота за новиот договор на Икарди и новиот директор ми се допаѓа како човек. Го слушнавме и како разговара за ситуацијата на Перишиќ, сака да му помогне да си замине, но истовремено и мисли на Интер. Не знам, можеби зад таа желба на Перишиќ да си замине стојат некои лични проблеми“ – истакна Нара неколку дена претходно, иницирајќи нов конфликт во соблекувалната на Интер.

Челниците на Интер претходно во неколку наврати го предупредувале капитенот за односот на неговата сопруга, па овој конфликт бил искористен за да му биде одземена капитенската лента.

Се вчитува...