Икарди ќе го продолжи договорот со Интер

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, е блиску до нов договор со „нероаѕурите“. Како што истакна Ванда Нара, неговата сопруга, но и фудбалски агент, Икарди сериозно размислува да го обнови договорот со Интер кој има важност до 2021 година.

„Ќе ја обновиме соработката, ќе има нов договор, не грижете се. Нема несогласувања, нема никакви проблеми. Нормално дека Интер сака да го задржи Икарди“, изјави Ванда Нара за италијанските медиуми.

Икарди во Интер стигна од Сампдорија во 2013 година. Досега одигра 205 натпревари и постигна 121 гол.

 

Се вчитува...