Мауро Икарди не е во конкуренција за денешниот натпревар против Дижон. Аргентинскиот напаѓач кој игра за ПСЖ ги шокираше своите фанови, откако објави своја фотографија на социјалните мрежи.
Икарди не тренираше поради гастроентеритис, но предизвика паника поради фотографијата на социјалните мрежи, а ја шокираше и сопствената сопруга Ванда Нара. Па, откако виде што стори, тој реши да се огласи повторно и да објасни за што станува збор.
„За сите кои се заинтересирани, тоа е хипербарична комора што ја имам во куќата и ми помага да спречам повреди и ми помага побрзо да закрепнам од натпреварите и тренинзите …“, објасни Икарди.
Инаку, Икарди е само еден во низата фудбалери кои се опоравуваат со помош на хипербарична комора. Се вдишува чист и здрав кислород, а притисокот е трипати поголем од атмосферскиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА