Икарди се враќа назад во Калчо-лигата

Мауро Икарди е блиску до враќање во Калчо-лигата откако аргентинскиот ас не се снајде најдобро ниту кај Маурицио Покетино, кој веќе ставил до знаење дека екс-капитенот на Интер може да си замине бидејќи на неговите услуги нема да се смета во наредната сезона.

ПСЖ минатото лето го откупи Икарди од Интер, но Аргентинецот остана во сенка на младиот Кеан, кој добиваше повеќе шанси и кај Тухел и сега кај Покетино. Планот на „светците“ е да биде откупен Кеан од Евертон за околу 30 милиони евра, а овие пари да бидат обезбедени од продажбата на Икарди. Јувентус се уште го мерка овој голгетер, но проблем претставува фактот дека во договорот меѓу Интер и ПСЖ беше ставена и „анти – Јуве“ клаузула која го оневозможува францускиот првак да го продаде овој фудбалер директно на „старата дама“.

Целата ситуација се обидува да ја искористи Рома, чии директори веќе стапиле во контакт со агентот на Икарди, неговата сопруга Ванда Нара. „Волчицата“ има очигледен проблем со навалната линија, веќе е сигурно дека Џеко на крајот од сезонава ќе си замине од „Олимпико“, а планот на римјаните е на негово место да биде доведен токму Икарди. Проблем за Рома претставува фактот дека „волчицата“ нема да може да потроши повеќе од триесет милиони евра за овој фудбалер, па лесно може да се случи опцијата за едногодишна позајмица, со клаузула за задолжителен откуп во јули 2022.

Се вчитува...