Икарди во Јуве, Дибала во Интер?

Хаосот што го создаде Мауро Икарди во Интер станува уште поголем откако се појави информација дека Аргентинецот всушност ги налутил челниците на „нероаѕурите“ со тоа што се договорил со Јувентус за петгодишна соработка, ставајќи го својот клуб во непријатна ситуација во обидите да го продаде во летниот преоден рок.

Претседателот Ањели веќе имал и телефонски разговор со директорот на Интер, Хавиер Занети, на оваа тема, со што уште повеќе се разгореа страстите меѓу лутите ривали. Сепак, се очекува „нероаѕурите“ да бидат тешки преговарачи за „старата дама“, па Интер во разговорите ќе инсистира во размена за Икарди да го добие неговиот сонародник Пауло Дибала.

Аргентинецот одигра одличен натпревар синоќа против Фросиноне, но не е променет ставот на Јуве дека тој ќе треба да си замине за да биде донесен уште еден врвен напаѓач крај Роналдо. За Дибала интерес покажаа Реал Мадрид и Баерн Минхен, се шпекулираше и со размена со Ливерпул за Салах, но останува да се види дали „старата дама“ ќе се согласи да го испрати овој фудбалер во директен ривал за скудетото.

Се вчитува...