Икер Касилјас добитник на наградата „Златно стапало“

Легендарниот шпански голман Икер Касилјас, кој е член на Порто, е доботник на наградата „Златно стапало“, која вечерва ќе биде доделена во Монако. Тој ја продолжува голманската низа на добитници, откако минатата година наградата ја доби Италијанецот Џанлуиџи Буфон. Касилјас е вториот Шпанец кој го добива ова признание откако во 2014 година му беше доделено на Андрес Иниеста.

Наградата „Златно стапало“ се доделува на фудбалери кои имаат над 28 години имаат оставено голем белег во европскиот и светскиот фудбал. Оваа година меѓу номинираните беа и Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Мануел Нојер, Лионел Меси, Арјен Робен, Тијаго Силва, Луис Суарез, Јаја Туре и Андреа Пирло.

Досега наградата „Златно стапало“ ја добивале Роберто Баџо (2003), Алесандро дел Пјеро (2007), Франческо Тоти (2010), Џанлуиџи Буфон (2010), Роналдо (2006), Роберто Карлос (2008), Роналдињо (2009), Андрес Иниеста (2014), Андриј Шевченко (2005), Рајан Гигс (2011), Златан Ибрахимовиќ (2012), Дидие Дрогба (2013), Самуел Ето (2015).

Се вчитува...