Илиевски: Пелистер игра добра кошарка, треба да поправиме само една работа…

Пелистер е најпријатното изненадување на стартот од кошаркарската сезона откако битолчани славеа на првите пет натпревари што ги одиграа. На првите четири избраниците на Марјан Илиевски постигнаа над 100 погодоци, синоќешниот дуел во Кисела Вода против Академија ФМП требаше да биде дерби на колото, но битолчани го добија со убедливи 67-95, потврдувајќи ја разликата во класи во однос на ривалот.

Илиевски има причина за задоволство поради одличниот старт на сезоната, но стратегот на „пелистерци“ предупреди на една работа што неговиот тим ќе треба да ја поправи.

Искрено, јас како тренер не гледам никогаш дали дуелот е дерби или не, се подготвуваме најдобро што можеме за да стигнеме до победата. Им честитам на моите кошаркари за победата, одигравме квалитетен меч, го контролиравме резултатот и заслужено триумфиравме. Задоволен сум бидејќи Пелистер игра навистина добра кошарка, треба да поправиме само една работа. Не ми се допадна големиот број на загубени топки на овој меч, тоа е нешто што не смее да ни се повтори на следните натпревари“, изјави Илиевски.

Пелистер викендов го очекува нов сериозен предизвик, гостување во Скопје против екипата на Работнички.

Се вчитува...