Илијоски: Немаме право на кикс, мора триумф против Пелистер!

Шкупи утре со првенствениот натпревар против Пелистер повторно се враќа на својот стадион во Чаир по некоколкумесечната „лутања“ како домаќин. Токму утрешниот дуел е шанса за Шкупи да се врати на победите за кои не знае веќе шест едноподруго кола.

Офанзивецот Баже Илијоски, кој во зимскиот преоден рок во Шкупи дојде токму по настапот за Пелистер во есенскиот дел, сега верува дека може да се дојде до трите бода…

„Не смееме да си дозволиме нов кикс. Ако не славиме сега против Пелистер ќе се доведеме во ситуација сериозно да се бориме за опстанок. Затоа едноставно мора триумф против Пелистер. Значајно е сигурно што тимот се враќа на својот стадион, па поддршката од трибините ќе биде многу важна во потрагата по бодови“ – вели Илијоски за официјалната интернет страница на клубот.

Натпреварот меѓу Шкупи и Пелистер во рамките на 26. коло од ПМФЛ се игра утре на стадионот во Чаир со почеток од 16 часот.

Се вчитува...