Илјадници фанови во Мадрид ги дочекаа европските шампиони (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид, попладнево пристигнаа во Мадрид каде ја прославија европската титула со своите навивачи. Неколку илјади навивачи се собраа низ улиците на главниот шпански град и ги поздравија новите европски прваци.

Вчера „кралевите“ ја освоија својата 14-та титула во ЛШ во историјата. Се славеше и титулата освоена во Ла Лига.

Реал Мадрид со голот на Винисиус го совлада Ливерпул со 1-0, и така успеа да се радува на нов трофеј во Лигата на шампионите.

Се вчитува...