Играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Макото Хасебе го продолжи договорот со Ајнтрахт Франкфурт на уште пет години, иако фудбалерот има 38 години.
Сепак, станува збор за продолжување како играч до 2023 година, а потоа би требало да остане во тимот како тренер на помладите категории на тимот.
Хасебе е во Ајнтрахт Франкфурт од 2014 година, и за тимот одигра над 200 натпревари. Тој во минатото беше дел од Нирнберг и Волфсбург, а играше и за Урава Ред Дајмондс. За селекцијата на Јапонија одигра 114 натпревари, а во 2018 година за прости од дресот со државниот грб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА