Има надеж за кошарката: Кадетите со лекција за Белгија

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години ја запиша првата победа на Европското Првенство – Б дивизија кое се одржува во Сараево.

Македонските кадети, по одличното издание против Русија на стартот во кое несреќно загубија, сега во 2. коло славеа против Белгија во втората рунда натпревари со 80-68 (22-13, 27-19, 16-28, 15-8).

Од самиот старт македонските кошаркари почнаа агресивно комплетно доминирајќи против Белгијците. Па во една таква игра се стигна до предност и од 17 поени на полувремето.

Во третата четвртина Белгијците се обидоа да стигнат до пресврт. Играа далеку подобро во одбраната, стигнаа и на негатива од минус 5, но тоа е се уште успеаја да направар. Со рутинска игра во последната четвртина Македонија стигна до конечен триумф од 80-68.

Најдобар во македонските редови беше Андреј Андоноски со „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и 10 скока, одличен беше и Лука Савичивеќ со 17 поени и 10 асистенции, а Данаиловски и Миловановиќ постигнаа по 10 поени.

Со оваа победа остануваат реалните шанси за Македонија за пласман и во четвртфиналето на ЕП – Б дивизија.

Се вчитува...