ИН МЕМОРИАМ – Драгослав Шекуларац: Легендарниот штипјанец замина во вечноста

Штипскиот „дриблер“ Драгослав Шекуларац, легендарниот фудбалер на поранешните југословенски простори, замина во вечноста. Тој почина денеска во Белград на 81 година. Беше великан на Црвена Звезда, официјално втора „звездина ѕвезда“ и истакнат југословенски репрезентативец.

Играше во средниот ред, и правеше магија со топката, неговите потези ќе се паметат веќно и ќе останат посебни засекогаш. Тој е роден во Штип, каде е подигната и статуа во негова чест, а потоа животот го одведе во Белград. Таму заврши основно училиште и гимназија, посветувајќи се максимално на фудбалската игра. За репрезентацијата на Југославија одигра 41 натпревари и постигна шест гола.

Се вчитува...