ИН МЕМОРИАМ: Почина Димитрија Поповски (1941-2017)

Рано утринава во 76. година од животот почина Димитрија Поповски, еден од најистакнатите македонски пливачки тренери, кој зад себе остави неколкудецениска работа во пливањето. Роден е во Скопје во 1941 година, беше професор и декан на Факултетот за физичка култура во Скопје, долгогодишен селектор на пливачката репрезентација на Македонија, истакнат член на Македонскиот Олимписки Комитет, како и пратеник во македонскиот парламент.

Името на Димитрија Поповски и неговата несебична активност во пливањето, но во научната нишка на спортот како универзитетски професор, ќе останат запишани во историјата на македонскиот спорт.

Погребот на Димитрија Поповски ќе биде извршен в понеделник во 11 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Се вчитува...