Денеска во Скопје почина Гоце Јовановиќ, еден од најистакнатите домашни фудбалски работници.
Јовановиќ поголемиот дел од својата спортска кариера ја мина како генерален секретар на поранешниот македонски прволигаш Балкан Стококомерц, и тоа од 1979 година, и во периодот на најголемите успеси на клубот кога се избори за настап и во Втората сојузна лига на поранешна Југославија.
Беше прв оперативец на клубот и во периодот на настапите во прволигашкото друштво во независна Македонија, а потоа и на ФК Цементарница 55, издвојувајќи се и како еден од најстручните домашни фудбалски работници. Беше активно вклучен и во формирањето на стручните комисии на независниот Фудбалски сојуз на Македонија, низ првите години од македонската независност.
Погребот на Гоце Јовановиќ ќе се одржи утре (06.11.2026) на Градските гробишта во Бутел. Последна почит ќе може да му се оддаде во капелата на гробиштата Бутел во периодот од 09:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
