ИН МЕМОРИАМ: Почина Зоран Мишиќ (1936-2019)

Денеска во 82. година од животот почина легендата на македонскиот фудбал, прославеното голманско име Зоран Мишиќ. Човекот кого го нарекуваа главен „виновник“ за создавањето на „тајфунот од Чаир“, во својата долгогодишна фудбалска кариера беше фудбалер на Вардар, Ријека, Утрехт, а настапуваше и за еден од африканските фудбалски тимови. Подоцна работеше како тренер на екипата на Балкан, но и на Работнички, Борец, Осогово и Слога Југомагнат.

Најголем успех во тренерската кариера му беше настапот со Балкан во некогашната Втора Југословенска лига. На него ќе се сеќаваме и како помошник на Хаџиевски во првата селекција на Македонија во 1993 година кога нашата фудбалска репрезентација одигра меч со селекцијата на новинарите во Кавадарци.

Се вчитува...