ИН МЕМОРИАМ: Стојан Велковски – Цојле

Еден од најдобрите фудбалери на Вардар во шеесеттите години од минатиот век, Стојан Велковски – Цојле почина по кратко боледување на 80-годишна возраст.

Велковски беше еден од најдобрите играчи на Вардар во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, член на генерацијата која во 1961 година го освои Купот на Југославија заедно со Часлав Божиновски, Тоде Георгиевски, Благоја Вучидолов, Драган Трајчевски, Петар Ангушев, Славко Дацевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Петар Шулинчевски…

На стадионот ЈНА во Белград, во таа 1961 Вардар го победи Вартекс во финалето освојувајќи ја единствената своја титула во историјата на најмасовното клупско натпреварување во поранешна СФРЈ.

Се вчитува...