Инглезе: Ова е резултат за паметење за Парма

Парма го изненади италијанскиот првак Јувентус, освои бод во Торино играјќи 3-3. Жервињо беше стрелец на два гола, меѓу кои и израмнувачкиот во судиското продолжение од натпреварот. Напаѓачот Роберто Инглезе истакна дека ова е историски резултат за Парма.

„Ова е ноќ што треба да се памети во историјата на Парма. Горди сме на тоа што го постигнавме, бидејќи не е лесно да се вратите од Торино непоразени, посебно ако сте имале и негатива од 3-1. Ова треба да ни биде голем мотив со вакви игри да продолжиме и во иднина“, изјави Роберто Инглезе.

По 22 натпревари, Парма се наоѓа на 12.позиција на табелата во Серија А со 29 освоени бода.

 

Се вчитува...