Германски Инголштад денеска ги почнува подготовките за пролетниот дел на сезоната. Тимот соопшти дека подготовките ќе почнат без македонскиот интернационалец Висар Муслиу кој поради повреда ќе го пропушти стартот на тренинзите, и ќе добие уште неколку дена одмор.
Муслиу е еден од главните адути на Инголштад во обидот да се врати во „Цвајте“, откако минатата година испадна.
„Денеска не теренот нема да биде Висар Муслиу, кој доби продолжување на одморот поради повреда на ахиловата пета. Брзо опоравување Висар“, стои во објавата на Инголштад.
Nicht auf dem Platz stehen wird Visar #Musliu, der vorerst wegen Achillessehnenproblemen pausiert. Gute Besserung, Visar!
— FC Ingolstadt 04 (@Schanzer) December 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА