Иницијативниот одбор порачува: Рокот на МОК е до 21 декември

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет упати јавна порака до раководството на Македонскиот олимписки комитет со барање да се испочитува рокот за организирање на Вонредно собрание на кое ќе се случат сугерираните промени согласно Олимписката спортска повелба. Мнозинството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет во иднина треба да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови.

 

Во соопштението се вели:

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, искажува задоволство од реакциите и поддршката што ни ја даваат Меѓународниот олимписки комитет и повеќе меѓународни асоцијации и федерации, во однос на исполнување на нашите барања мнозиството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови, кои ќе ги застапуваат интересите на спортистите и федерациите.

Рокот што Македонскиот олимпски комитет мора да го почитува е 21 декември 2019 година, но мора да се почитува и обврската во однос на структурата на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимиски комитет да се уреди и промени на истиот ден.

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет ќе ги продолжи своите активности делувајќи согласно националното законодавство и Олимписката спортска повелба во насока на почитување на сугестиите за учество на Собранието на Македонскиот олимски комитет, притоа, Македонскот олимски комитет да ја почитува Олимиската спортска повелба и почнувајќи од 21 декември 2019 година мнозинството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови.

Веруваме дека челниците на Македонскиот олимписки комтет се свесни и одговорни во однос на исполнување на обврските што ги имаат, со цел после триесетина години да одржат легитимно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, со верифицирање на легитимни престаници, а донесените одлуки да ги потврдат избраниците на националните спортски федерации.

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет го сочинуваат Атлетската, Боксерската, Боречка, Стрелачка, Карате, Бадминтон, Кајакарска, Пинг-понг, Шаховска федерација, Велосипедска, Мечувалечка, Коњичка, Едриличарска , Триатлон, Скијачка, Одбојкарска, Хокеарска и Спортско качувачка федерација, но кон Инцијативниот одбор се приклучија голем број на национални спортски федерации од неолимиските спортови, како и истакнати спортисти и спортски работници, што уште повеќе ја зголемува нашата одговорност.

Се вчитува...