Интер доби нов голман

Шпанскиот фудбалски голман Џузеп Мартинез потпиша за Интер, информираа денеска од миланскиот клуб.

26-годишниот Мартинез со „нераѕурите“ потпиша договор до јуни 2029 година.

Мартинез во Интер доаѓа од Џенова, а пред тоа во кариерата настапуваше и за Лајпциг и Лас Палмас.

Пред три години запиша и еден настап за шпанската репрезентација, но после тоа не доби повик во „црвената фурија“.

Се вчитува...