Седрик Соареш е фудбалерот од кого се очекува да донесе дополнителен квалитет во одбранбената линија на Интер откако италијанскиот клуб вечерва успешно го комплетираше неговиот ангажман од редовите на Саутемптон.
Преговорите меѓу клубовите траеја повеќе од една седмица, за на крајот да биде договорено, Соареш да пристигне на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч до крајот на сезонава. Доколку во Интер се задоволни од неговите игри, италијанскиот клуб ќе може да го откупи неговиот договор со Саутемптон за сума од 12 милиони евра.
Ангажманот на Соареш речиси сигурно ќе значи и заминување за Врсаљко, кој ќе се врати назад во Атлетико Мадрид откако во Милано воопшто не ги оправда очекувањата на тренерот Лучијано Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА