Интер ја „олади“ Барса: Лаутаро не е за продажба!

Барселона се соочува со огромни проблеми во потрагата на нов голгетер откако каталонците го минаа речиси цело лето обидувајќи се да стигнат до Хулијан Алварез, но тој неуспешен обид придонесе директорот Деко да има само десетина дена да доведе најмалку еден врвен голгетер како замена за Роберт Левандовски.

Ханси Флик остана без „деветка“ откако од тимот си замина и Феран Торес, а Деко се мачи да најде соодветен наследник за Левандовски, веќе е јасно дека Алварез е „невозможна мисија“ за Барса, но идентичен е проблемот и со неговиот сонародник Лаутаро Мартинез, кој важеше за „план Б“ на управата на шпанскиот шампион.

Лаутаро дефинитивно поседува квалитет да го облече дресот на Барселона, но такво нешто немаат намера да дозволат челниците на Интер. „Нероаѕурите“ се свесни на фактот дека Аргентинецот има уште неколку години од актуелниот договор и не сакаат ни да чујат за трансфер, особено пред крајо на преодниот рок кога би немале доволно време за да доведат адекватна замена за својот најдобар фудбалер.

„Лаутаро не е за продажба“, гласела кратката порака од челниците на Интер до каталонскиот гигант, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинскиот голгетер е член на „нероаѕурите“ уште од 2018 година, досега има одиграно 376 средби за италијанскиот гигант, притоа постигнувајќи 175 погодоци.

Се вчитува...