Интер негира: Нема примамливи понуди за Перишиќ

Хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ најверојатно ќе мора да остане во Интер, најмалку до крајот на сезоната. Тој покажа желба за заминување, за него е заинтересиран Арсенал, но раководството на Интер тврди дека на „Џузепе Меаца“ нема пристигнато примамлива понуда за него.

„За нас трансфер – маркетот е завршен. Нема да има веќе ниту заминувања, ниту пристигнувања. Не, нема примамлива понуда за Иван Перишиќ“, изјави директорот Пјеро Аусилио.

Перишиќ побара трансфер и во знак на незадоволство почна да тренира самостојно, но очигледно дека нема да издејствува заминување од Милано оваа зима.

Се вчитува...