Интер почна преговори со Антонио Конте

Италијанскиот калчолигаш Интер влезе во преговори за ангажман на поранешниот селектор на „аѕурите“, Антонио Конте. Раководството планира да го доведе Конте на „Џузепе Меаца“ по завршувањето на оваа сезона и да му го довери тимот со многу поголеми амбиции за наредниот шампионат.

Новиот спортскиот директор Џузепе Марота и Антонио Конте имаат одлични односи од периодот кога заедно работеа во Јувентус, и би можеле да ја обноват од следната сезона во Милано. Претседателот Стивен Жанг одобрил огромен буџет за новата сезона, што може да биде пресудно во преговорите со поранешниот менаџер на Челси.

По поразот од Торино, зголемен е притисокот кон актуелниот тренер на Интер, Лучијано Спалети.

Се вчитува...