Интер со пресврт триумфираше против Торино со 3-1 во последниот натпревар од 32. коло во италијанската Серија А. Изненадувачки по првиот дел гостите имаа преднос од 0-1 со голот на Белоти во 17. минута. Сепак, на полувреме Антонио Конте успеа да ги мотивира своите фудбалери и веќе во 47. минута преку Ешли Јанг „нероаѕурите“ стигнаа до израмнување. Само три минути подоцна Диего Години донесе предност од 2-1, а конечните 3-1 ги постави Лаутаро Мартинез во 61. минута.
Со победата Интер се искачи на втората позиција на првенствената табела со 68 бода и до крајот иако е на осум негатива зад Јувентус се уште може да се надева на титулата во Серија А. Торино останува 16. и до крајот го чека тешка борба во битката за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА