Интер им се врати на победите во Серија А совладувајќи ја Парма на гости со 1-2. Дефанзивците беа голгетерски расположени и ги извлекоа „нероаѕурите“ на овој меч.
Парма поведе со голот на Жервињо во 15.минута од мечот. Интер долго бараше начин за да одговори и го пронајде преку Стефан Де Фрај во 84.минута. Само една минута подоцна Парма остана со играч помалку поради исклучувањето на Кучка, а тоа го искористи Алесандро Бастони во 89.минута кога го постигна победничкиот гол за Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА