Интер уште е на зимски распуст, Сасуоло си оди со бод од „Џузепе Меаца“

Интер не успеа да го совлада Сасуоло на домашен терен и разочарувачки ја почна 2019 година. Тимот на Лучијано Спалети имаше доминација, но не успеа да го пронајде патот до мрежата на противникот, па мораше да се задоволи со реми без голови.

„Нероаѕурите“ се наоѓаат на третата позиција со 40 бода, дури 13 помалку од лидерот Јувентус кој има одиграно и меч помалку. Сасуоло со 26 бода се наоѓа во средината на табелата, на 12.позиција.

 

Се вчитува...