Интер во небрано: Перишиќ побарал трансфер во Арсенал

Италијанскиот калчолигаш Интер се соочува со можна разделба со хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Крилниот играч на „нероаѕурите“ побарал да си замине од „Џузепе Меаца“ до крајот на зимскиот преоден рок, а најзаинтересиран за негов ангажман во моментот е англискиот премиерлигаш Арсенал.

Перишиќ не влезе во игра на вчерашниот меч меѓу Торино и Интер, остана на клупата за резервни фудбалери, а веста за евентуалниот трансфер ја погврди и новиот спортски директор, Бепе Марота.

„Вистина е, Перишиќ побара трансфер во Арсенал“, одговори кусо Марота.

Сепак, преговорите нема да одат така глатко. Арсенал го сака Иван Перишиќ како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за откупување на договорот. Но, Интер бара веднаш 40 милиони фунти за да му дозволи да се пресели на „Емирати“.

Се вчитува...