На интересен начин, преку илустрација, италијанската „Газета“ се одлучи да прикаже која улога во своите клубови, во суштина, ја носат едни од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Златан Ибрахимовиќ.
Роналдо, прикажан од себичниот, егоцентричен, агол поставувајќи се себе си во центарот на вниманието додека останатите, главно, мора да одработуваат за тимот.
Златан Ибрахомиќ, пак, издвоен како лидер-двигател на составот на Милан.
А, на крај, Лионел Меси, како еден вид „магаре“ кое сам го носи целиот товар на патот кон успехот на Барселона.
Дали е тоа баш така одлучете сами!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА