Екипата на ПСЖ одбраната на титулата во Лигата на шампионите ќе ја започне пред своите гледачи на „Паркот на принцевите“ против Слован Братислава.
Целта на „светците“ е да станат четвртата екипа по Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ајакс, кои трипати по ред тиумфирале во елитното клупско натпреварување.
Тренерот Луис Енрике е свесен дека оваа сезона ќе биде многу тешко да се дојде до самиот крај, и не сакаа да живее на стара слава.
Тој на прес-конференцијата, на интересен начин ја најави одбраната на титулата користејќи метафора.
„Минатото е минато и не ме интересира. Мораме да ја обновиме возачката дозвола. Но, мора да бидеме внимателни, сите се мотивирани и подготвени се за борба со нас. Тоа е нешто што мора да го прифатиме и да излеземе од комфорната зона. Подготвен сум да го контролирам, да го подобрам тимот и да им покажам на навивачите дека можеме да бидеме поинакви секој ден“, вели Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
