Вардар доживеа експресна елиминација од европските купови ова лето, не успевајќи да мине ниту едно квалификациско коло.
Утешителната награда, настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, Вардар не успеа да ја преточи во своја корист па „црвено-црните“ со вкупни 8-4 загубија од летонска Рига.
А, дуелот во Летонија го одбележа и еден интересен момент. Еден од головите на домашните беше постигнат и по „асистенција“ на едно од децата кои ги додаваат топките покрај аут-линијата, кое брзо проигра домашен фудбалер за аут по што беше постигнат гол.
Па, раководството на клубот се одлучи да го награди детето со специјален подарок за тој негов потег…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
