Лионел Меси жестоко беше нападнат вербално, а во последен момент и спречена физичка пресметка, во инцидентот по синоќешниот натпревар на Аргентина против Боливија во Ла Паз.
По последниот судиски свиреж на натпреварот на кој Аргентина тешко славеше со 1-2, Меси дојде во конфликт со еден од тренерите во стручниот штаб на противничката селекција, Лукас Наво. Меси му приговори на тренерот поради тоа што за време на целиот натпревар од клупата дофрлал погрдни зборови кон фудбалерите на Аргентина, по што Боливиецот без размислување тргна физички да се пресмета со еден од најдобрите светски фудбалери.
Поголем инцидент спречија репрезентативците на двете селекции. Во конфликтот се вклучи и напаѓачот на домашните, Марсело Мартинс кој исто така беше настроен кон физичка пресметка.
Durante a treta, Messi falou para Marcelo Moreno:
“Qual é seu poblema filho da puta?”
— Lionel Messi Brasil (@MessiLeoBrasil) October 13, 2020
„Оди во бестрага… Што е со тебе, ти ќелав ку.кин сине?“ – беше приговорот на Меси до Наво.
На крајот, сепак, беше спречен потежок инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА