Инзаги: Јувентус можеше да даде гол само од пенал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше натпреварот против Јувентус кој заврши 1:1, откако тимот од Торино заби во финишот од средбата од белата точка, пенал кој беше досуден по прегледување на ВАР.

„Мислам дека тоа беше единтвениот начин да примиме гол. Ова е фрустрирачки затоа што ја контролиравме играта од почеток до крај. Не му дозволивме на Јувентус да направи ништо. Не сум среќен, загубивме два бода“, рече Инзаги.

Тој коментираше за неговата реакција по досудениот пенал.

„Признавам дека гестот не ми беше соодветен, но во тој момент ми се чинеше дека гледањето на ВАР не е потребно“, кажа тренерот на Интер.

Се вчитува...