„Иранскиот Меси“ потпиша за Баер Леверкузен, ќе игра таму од идната сезона

Сердар Азмун, или како што го нарекуваат „Иранскиот Меси“, се сели во Баер Леверкузен како слободен агент од идната сезона. И покрај тоа што за него беше заинтересиран тимот на Јувентус, сепак, тимот од Торино не сакаше да го плати обесштетувањето од 5 милиони евра кое Зенит го бараше за овој играч.

Така Азмун ги договори сите детали околу трансфер во Леверкузен. Тој би требало да биде замена за Патрик Шик кој веројатно ќе го напушти тимот, со оглед дека има доста понуди за него.

Азмун во минатото беше дел од Рубин, а сега во Зенит во кој со головите го сврте вниманието кон себе.

Иранецот потпиша договор со Леверкузен до 2025 година.

Се вчитува...