Ирен Вист стана најуспешна брза лизгачка во историјата на ЗОИ

Холанѓанката Ирен Вист по триумфот во Пјончанг стана најуспешна брза лизгачка во историјата на Зимските Олимписки Игри. Таа денеска освои златен медал во трката на 1.500 метри, петто најсјајно одличје во кариерата, а вкупно десетти медал на ЗОИ.

Ирен Вест е единствената брза лизгачка со десет олимписки медали. Првиот медал го освои пред 12 години во Торино, а стана и рекордерка на својата земја по бројот на освоените медали.

Холанѓанката има веќе две медали од ЗОИ во Пјонгчанг, со оглед дека вчера беше сребрена и во трката на 3.000 метри.

Се вчитува...