Иско, некогашниот шпански репрезентативец и еден од играчите без кои не можеше да се замисли играта на Реал Мадрид, е слободен агент откако го раскина договорот со Севилја. Иако имаше многу шпекулации за неговата иднина, од Премиерлигата, до Саудиска Арабија, сега најновата информација е дека би можел да игра во Бундеслигата.
Според „Билд“, Иско е во преговори со Унион Берлин, најголемиот хит на досегашниот тек на првенството. Тимот на Унион им „пркоси“ на најтрофејните Баерн Минхен, и има исто бодови со него на делба на првата позиција на табелата.
Иско освои пет титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Беше стандарден и во шпанската репрезентација, но во последно време имаше голем пад во фомата, со што стигна и да се задоволи со трансфер во Германија, и тоа во не толку звучниот тим на Унион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА