Иско со изненадувачки трансфер во Бундеслигата

Поранешната голема ѕвезда на Реал Мадрид, Иско кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата каде ќе го засили Унион Берлин, пренесува доброупатениот германски новинар, Флоријан Платенберг. Изненадувањето на сезоната во Германија веќе ги договорил личните услови со Шпанецот и утре ќе биде официјализиран трансферот по поминување на медицинските прегледи.

Поранешниот шпански репрезентативец се поврзуваше со трансфер во Лајпциг, но тимот од главниот град на Германија успеал да го придобие со подобри услови за намалување на конкуренцијата во битката за титула, но и излез на европската сцена следната сезона.

Иско помина најголем дел од кариерата на „Сантијаго Бернабегу“, а оваа сезона ја започна во Севилја. Таму сепак не успеа да се наметне па беше ослободен од договорот на крајот на месец декември.

Се вчитува...