Ислами: Не сум задоволен од некои фудбалери, дисциплината во Ренова мора да биде на повисоко ниво

Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами не е задоволен од ефектот на пооделни фудбалери во тимот на стартот од подготовките за новата сезона.

„Гипсарите“ на првиот тест во Охрид ремизираа (1-1) со Струга Трим Лум, но Ислами вели дека одредени фудбалери не покажале соодветна одговорност во играта.

„Се наоѓаме во период во кој треба да се префрлиме од физички на тактички план. Нозете се тешки, играчите се уморни, но јас не сум задоволен од одговорноста на одредени фудбалери. Секоја шанса која му се пружа на фудбалер треба да проба да ја искористи. Дресот на Ренова не се носи без желба и без жар за игра, туку се гине за него. Ќе работиме и на тој дел и мора дисцплината во играта да биде на највисоко ниво“ – вели Ислами.

Во секој случај, стратегот на Ренова е сигурен дека тимот максимално ќе се подготви за настапите во квалификациите од Лигата на Европа следниот месец.

Се вчитува...