Ислами: Неколку екипи се мачат со пеколниот ритам во новата сезона, но ќе издржиме…

Ренова, Шкендија, Силекс и Шкупи со засилен ритам ја почнаа новата сезона, во период кој доаѓа по големата пауза поради корона-кризата. Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами во очекување на дуелот против Македонија ЃП во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига вели дека неговиот тим има сила да го издржи пеколниот ритам на стартот од новата сезона со настапите во Првата лига, Купот на Македонија и Лигата на Европа.

„Ренова има сила и квалитет да се издигне од пеколниот натпреварувачки ритам. Заштедевме дел од силите на дуелот со Охрид и мислам дека подготвени ќе бидеме за натпреварот со Македонија Ѓорче Петров. На тој натпревар ние како клуб немаме избор, туку одиме на победа и три бодови. Сакаме со победа да го заокружиме циклусот тешки натпревари и ќе направиме се што е потребно да ја оствариме целта“ – вели стратегот на Ренова.

„Гипсарите“ имаа лесно гостување во Охрид победувајќи со убедливи 0-4 во 1/16-финалето од Купот на Македонија.

„За мечот со Охрид се подготвувавме како да е првенствен бидејќи во Купот се случуваат најголеми изненадувања. Остваривме се што имавме зацртано и многу сум задоволен од играта и другите останати сегменти“ – вели Бујар Ислами.

Се вчитува...