„Истатовки“ со двојна круна, славеа и во Купот на Македонија

Тимот на ЖФК Истатов ја освои двојната круна во женската фудбалска конкуренција оваа сезона. По освојување на шампионатот, избраничките на Кирил Изов денеска славеа против ЖФК Тиверија со 4-2 во финалето на Купот на Македонија.

Финалниот дуел се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, а „истатовки“ покажаа дека се подобра екипа и заслужно славеа триумф. Тие на полувремето имаа предност од 3-2, а во самиот финиш и го потврдија триумфот со четврти погодок.

Се вчитува...