Струта Трим Лум би можела да остане без тројца фудбалери во идната сезона. Истекоа договорите на стоперот Немања Босанчиќ, и на крилните фудбалери Абдулхади Јахја и Буњамин Шабани. Тројцата се слободни агенти, и можат да бараат нова средина, доколку не се договорат со Струга за продолжување на соработката.
Јахја во јануари 2019 година пристигна во Струга од таборот на Шкупи, а претходно беше дел од младинските екипи на Вардар, а играше и како позајмен во Еуромилк. За него има интерес од неколку екипи од земјава и од странство.
Босанчиќ е дел од Струга 1,5 година, додека Буњамин Шабани е без договор после две години минати во клубот. Тој во минатото играше во многу клубови, а има и интернационална кариера. И за овие двајца има интерес од земјава и странство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА