ИСТО КАКО ШАЌИРИ: Андонова против Летонија даде гол директно од корнер (ВИДЕО)

На вчерашниот натпревар против Летонија,  македонскиот женски национален тим даде гол „а-ла Шаќири“. Кој друг ако не Наташа Андонова, нашата најдобра фудбалерка.

Андонова во 28. минута погоди директно од корнер во мрежата на Летонија за тогаш 2:0 за Македонија, а на крајот Андонова од пенал стрелаше за да ја потврди победата од 1:4 на гости во квалификациите за СП.

Андонова и во минатото давала голови од корнер во клупски план.

Се вчитува...