Истомин, откако го шокираше светот: Мамо, направив чудо…. Ѓоковиќ: Капа долу!

Никој во светот на тенисот не веруваше дека Узбекистанецот Денис Истомин може да го совлада еден од најдобрите светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, но 117-от светски играч успеа во тоа. Иако и за него самиот сето тоа беше изненадување..

„Му се извинувам на Ѓоковиќ. Му благодарам на мојот тим, но може слободно да кажам, мамо направив навистина одлична работа, приредив чудо. Од толку емоции во мојата глава не може да ги најдам вистинските зборови. Благодарам на сите што ме поддржувавте“ – рече по мечот Истомин и дополни:

„Мислам дека одиграв многу над просекот. Оваа победа многу ми значи, конечно можам да почувствувам нешто вака моќно“.

Истомин во следното коло ќе игра со Шпанецот Пабло Карена. Узбекистанецот доби по мечот и серија пофали од Новак Ѓоковиќ…

„Капа долу за Денис. Беше одличен и заслужи да победи. Не можев против неговата игра, иако не сум задоволен и од својата. Ова се оние денови кога не ви оди баш најдобро, а противникот е одличен. Но, таков е спортот. Секоја чест за Денис“ – рече Ѓоковиќ.

  

Се вчитува...